1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД се залага за дипломатско решение во спорот со Иран

*

Во конфликтот околу атомската програма на Иран САД и натаму се залагаат за диполматијата и економски санкции. Шпекулациите за можен воен напад против Иран , американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс го означи како хипотетички. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го повика американскиот претседател Џорџ Буш на јавна дебата пред генералното собрание на ОН. Тој бил подготвен да се сретне со Буш во Њујорк и да разговара за проблемите во светот, рече Ахмадинеџад. Американската влада мината година веќе одби слична понуда.