1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД размислуваат целосно да ги повлечат трупите од Авганистан

САД за првпат јавно се произнесоа дека се размислува за целосно повлекување на војниците од Авганистан. Белата куќа го изнесе својот став кратко пред посетата на претседателот Хамид Карзаи.

Со нивните НАТО сојузници и владата во Кабул САД постигнаа согласност, сите странски борбени трупи да го напуштат Авганистан до крајот на 2014 година. Потоа во земјата, според првичните планови, треба да останата само уште илјада американски војници. Меѓутоа сега се дискутира за друга стратегија.

Вице советникот за безбедност на претседателот Барак Обама Бен Родес јасно стави до знаење дека не се исклучува можноста за целосно повлекување на војнциите на САД. „Ова е една опција, за која се размислува“, рече тој во Вашингтон и дополни дека додека да биде донесена одлуката ќе минат повеќе месеци.

Каква ќе биде конечната американска одлука, според Родес, ќе зависи пред се’ од две важни цели на САД во Авганистан: Исламисите на терористичката група Ал Каеда повеќе не смее таму да имаат сигурно засолниште и Авганистанците ќе мора да можат да се грижат за безбедноста во земјата.

USA Präsident Obama General Allen

Претседателот Обама и генерал Ален

Врховниот командант на меѓународнтие трупи во Авганистан, генералот Џон Ален последно се изјасни за тоа во земјата да останат до 20.000 Американци. По 2014 година, според него во Авганистан би требало да останат околу 6.000 војници, информира „Њујорк тајмс“. Американските војнции кои ќе останат ќе треба да бидат специјализирани за анти-терористички операции.

Во моментов САД во Авганистан имаат стационирано околу 66.000 војници, кон кои се надополнуваат уште 34.000 војнции од други земји.

Карзаи во Вашингтон

Утре (10.01) во Вашингтон американската државна секретарка Хилари Клинтон треба да го прими претседателот на Авганистан Хамид Карзаи. Во петок тој ќе биде гостин во Белата куќа. Главна тема на разговорите ќе биде преодниот процес по повлекувањето на меѓународните трупи. САД веќе склучија договор за партнерство со Авганистан, кој важи за периодот од 2014 до 2024 година. Во него не е наведено во кој обем ќе бидат присутни американските трупи.