1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД размислуваат за санкции против Сирија

САД наредија делумно повлекување на персоналот на нивната амбасада во Сирија. Десетици луѓе загинале, а преку 500 противници на режимот биле уапсени по вчерашната голема операција на сириската војска во градот Дара.

default

Покрај повлекувањето на дел од персоналот од амбасадата во Дамаск, американскиот Стејт Департмент им препорача на граѓаните на САД да избегнуваат патување во Сирија, а на оние што веќе се во земјата да ја напуштат доколку тоа се’ уште е возможно. Претходно Белата куќа остро го осуди постапувањето на сириските власти против демонстрантите пред се’ во градот Дара: „Претседателот рече, а и јас велам дека ние силно се спротиставуваме на третманот на цивилите од страна на сириските власти“, изјави Џеј Карни портпарол на американскиот претседател Барак Обама. Тој нагласи дека во Белата куќа се размислува за воведување санкции против официјален Дамаск: „Ние подолжуваме да бараме начини и да разгледуваме определени политички опции, вклучително и санкции за да се одговори на насилното задушување на протестите во Сирија и да се стави јасно до знаење дека ваквото однесување на властите во Дамаск е неприфатливо“, рече Карни.

NO FLASH Syrische Truppen stürmen Widerstandshochburg Daraa

Сириските трупи навлагоа во градот Дара

Насилството во Сирија ескалираше во минатите неколку денови, откако властите одлучија да преземат поостри мерки против демонстрантите. Вчера во Дара, градот упориште на антирежимските протести навлегоа илјадници војници со поддршка од тенкови притоа пукајќи од огнено оружје врз демонстрантите, јавија очевидци. Притоа се говори за 18 до 39 загинати, десетици повредени и преку 500 уапсени припадници на движењето на отпорот против режимот на претседателот Башар Ал Асад.

Автор: СН/ АТ/ дв/ рер/ афп

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM