1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД размислуваат за напади со беспилотни летала во северен Мали

Американските власти , според медиумските извештаи, ја разгледуваат опцијата за напади со беспилотни летала врз упоришта на исламистите на северот на Мали.

Весникот Вашингтон пост објави дека Советникот за антитероризам на претседателот Барак Обама, Џон Бренан, заедно со Министерството за надворешни работи и со Пентагон ја проверува можноста за напади врз припадниците на Ал Каеда во северна Африка. Белата куќа не ги демантираше ваквите извештаи, но не наведи никакви детали.

Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека САД во оваа фаза на развој на настаните не ја разгледуваат можнота за еднострани воени операции во Мали или регионот.

САД веќе употребуваат беспилотни летала, т.н дронови во борбата против исламските терористи во Пакистан, во Јемен и во Сомалија.

По пучот против долгогодишниот претседател на Мали Амаду Тумани Туре во март годинава, на исламистите им успеа да воспостават контрола врз целиот северен дел на земјата.