1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД против укинување на санкциите за Иран

Вашингтон го отфрли барањето на Техеран за подигнување на санкциите во замена за поголема транспарентност на нуклеарната програма.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го отфрли иранскиот повик за прекин на санкциите во замена за концесии во иранската нуклеарна програма. Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи најави дека Техеран е подготвен да ги одговори сите прашања во врска со нуклеарната програма во замена за подигнување на санкциите.

Американскиот претседател Барак Обама претходно изјави дека на Иран би можеле да му бидат воведени нови санкции, доколку во текот на следните месеци не дојде до напредок во разговорите со светските сили за нуклеарната програма на Техеран.

На разговорите во саботата во Истанбул меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција) и Германија беше договорено следната средба да се одржи на 23 мај во Багдад. Официјалните претставници овој круг разговори го оценија како позитивен, очекувајќи многу повеќе од Иран на следниот состанок.