1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД прогласија крај на војната во Ирак

Американските државни претставници денеска прогласија крај на војната во Ирак, полни осум и пол години по почетокот на воените дејствија против режимот на Садам Хусеин.

default

Од денешната церемонија на меѓународниот аеродром во Багдад

Во војната, која Вашингтон го чинеше повеќе од 800 милијарди долари, загинаа 4,5 илјади Американци, а 32 илјади биле ранети. Бројот на загинати Ирачани не е познат. Американскиот секретар за одбрана Леон Панета во Багдад изјави дека жртвата во човечки животи и во пари вредела, затоа што го насочила Ирак на патот на демократијата.

USA Irak Rückzug

Американскиот министер за одбрана при пристигнувањето во Багдад

Тој и други официјални американски лица присуствуваа на симболична церемонија на која беше спуштено знамето на американските сили на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град.
Околу 4 илјади американски војници во две воени бази ќе останат во Ирак уште извесен период.

Со говор на церемонијата во воената база Форт Брег американскиот претседател Барак Обама им се заблагодари на трупите за нивниот ангажман и потсети на големиот број жртви, кои ги дадоа војниците и нивните семејства. Обама уште во октомври најави дека до крајот на годинава, по речиси девет години, ќе бидат повлечени сите американски војници од Ирак.

Автор:БГ/СН/ап/ртр/дпа

Редактор: Симе Недевски