1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД пред многу искушенија во оваа година

За САД минатата 2007 година беше тешка,како на економски така и на политички план.Ниту во штотуку започнатата година ситуацијата во двете области нема да биде подобра.

default

Буш:грижите остануваат и натаму

"Ние ќе бевме најнеомилената нација на светот,ако пред нас не беше Северна Кореја“,префрлува пратеникот на Демократската партија во Конгерсот Џек Мурта. Речиси пет години по почетокот на ирачката војна и само неколку дена по атентатот врз Беназир Буто,американската надеж за подобар Пакистан,претседателот Џорџ Буш не се наоѓа само пред последната година од својот мандат,туку и пред крах на неговата антитерористичка политика. Поголема безбедност,беше големиот сон по нападите од 11 септември 2001,но опасноста стана поглема: „Направени се големи грешки.Не ни успеа традиционалната американска надворешна политика да ја приспособиме кон културолошката и религиската реалност“,констатира поранешниот американски министер за надворешни работи Хенри Кисинџер.
Враќање на војниците од Ирак
Со најголемата желба на мнозинството Американци во својата избопрна кампања се зафаќа и Барак Обама,кандидат за претседателските избори од Демократската партија: „Америко,вели,тој воодушевено поздравуван од симпатизерите,време е нашите војници да ги вратиме дома.“ Но,колкумина и кога,тоа не кажува никој од кандидатите.Никој не сака да се обврзе откако Конгресот,во кој веќе една година доминираат Демократите,на разочарување на нивните избирачи сеуште не може да го реализира ветеното повлекување поради ветото на претседателот: „Повоторно и повторно се гласа за ова повлекување,нема да попуштиме.Само така можеме подобро да се концентрираме на растечката терористичка опасност во Авганистан и во Пакистан“,вели пратеничката Кирстен Гилибранд. Тоа може да биде најрано на почетокот на 2009 година,ако биде избран претседател или претседателка од Демократската партија.Како на пример Хилари Клинтон,која важи за најизгледна наследничка на Џорџ Буш.Нејзините пријатели се надеваат со неа на поголема надворешннополитичка и социјална сигурност.Непријателите предупредуваат:Хилари како претседателка ќе биде под преголем товар.Таа самата радо би се справила со него: „Пред една жена да стапне во рингот,во кој,јас тоа го знам подобро од другите,може да биде многу брутално,пред да се случи тоа,не можеме да знаеме.“
Тешки задачи и во оваа година
А ако се случи,и во сопствената земја за неа ќе има повеќе од доволно работа:здравствениот систем на САД е смртно болен,без здравствено осигурување се околу 50 милиони луѓе.Кредитната криза на пазарот на недвижнини уште долго нема да заврши,предупредуваат експертите,како Марк Занди,кој вели дека најмалку еден милион дополнителни кредити ќе пропаднат во 2008 година.Околу три милиони луѓе ќе ги загубат своите куќи. Претседателот секако ќе го загрижува и теророт,Ирак,Пакистан,но пред се економијата. Нејзе Џорџ Буш и го посвети крајот на своето последно новогодишно обраќање: „Мојата намера за 2008 година е да се грижам за еконосмки раст и за пониски даноци.Ќе се трудам вашите пари во Вашингтон да бидат наменски трошени,или воопшто да не се трошат“,најави Буш.