1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

САД: Предупредување за патување во Сочи

На ЗОИ во Сочи се очекуваат десетици илјади посетители. Но, се‘ погласна е дилемата - колку е безбеден рускиот град? САД ги предупредија граѓаните кои сакаат да патуваат, а во Русија испраќаат повеќе свои агенти.

САД ги предупредија своите граѓани од постоење терористичка опасност за време на Зимските олимписки игри во рускиот град Сочи на Црното Море.

„Вакви големи настани се атрактивна цел за терористите“, се вели во предупредувањето што го издаде американското Министерство занадворешни работи во Вашингтон. Сепак, САД немаат укажувања дека постои конкретна опасност за американскте државјани. Меѓутоа, најавена е зголемена будност и претпазливост за време на ЗОИ кои почнуваат на 7. февруари. Американските граѓани освентоа сепредупредени од опаностите на ситниот криминал и лошата здравствена заштита во Сочи. САД ги предупредуваат своите граѓани предупредуваат дека мора да имаат во предвид и тоа дека јавното манифестирање на истополова сексуална определба според руските закони е кривично дело.

Американски агенти во Русија

ФБИ во Сочи и Москва ќе испрати и повеќе свои агенти, заради засилување на безбедноста за време ан аспортските манифестации. Според извештај во „Вашингтон пост“, директорот на ФБИ, Џејмс Комеј ја потврдил соработката меѓу американската полиција и руските тајни служби на овој план. Сочи се наоѓа во близина на Северен Кавказ, каде екстремистите со години се борат за создавање исламска држава и се заканија со попречување на ЗОИ. На почетокот на декември во два самоубиствени напади во Волгоград загинаа 34 луѓе, а над 70 беа ранети.