1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД предупредуваат: Во Алепо е можен масакр

Сириската армија се подготвува за јуриш врз Алепо. Се заканува битка за градот, во кој живеат три миони луѓе. САД стравуваат дека режимот ги бомбардира цивилите.

Американската влада ја предупреди сириската да не врши масакр во милионската метропола Алепо. Сириската армија употребува тенкови, хеликоптери и борбени авиони против бунтовниците, изјави портпаролот на американското министерство за надворешни работи, Викторија Нуланд.

„Загрижени сме дека Алепо може да доживее масакр, а се чини дека режимот се подготвува на таков чекор“, изјави Нуланд.

Бунтовниците и сириската армија веќе шест дена водат битки во тримилионскиот град. Бунтовниците вчера соопштија дека контролираат речиси половина од градот, но нема потврда од независен извор. Сириската влада премести илјадници војници во Алепо.

Викторија Нуланд притоа исклучи воена интервенција на САД во Сирија. Не е потребно ништо повеќе отколку помалку насилство, како и почеток на политички преоден процес, истакна таа.

Претставници на американската влада велат меѓутоа дека сириската опозиција би можела да добие повеќе помош од Вашингтон. Предуслов за тоа е бунтовниците да освојат одделни заднински области.

Поврзана содржина