1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД предвреме одат во втор ред

Американските војници на Хиндукуш порано од планираното ќе ја преземат улогата исклучиво на инструктори на своите авганистански колеги. Ова во Вашингтон го договорија претседателите Барак Обама и Хамид Карзаи.

Претседателите на САД и на Авганистан, Барак Обама и Хамид Карзаи, најавија во Вашингтон дека американската воена мисија во централноазиската држава ќе се трансформира во поддржувачка во текот на оваа пролет, неколку месеци порано од предвиденото.

Двајцата претседатели говореа на прес-конференција по средбата во четири очи во Белата куќа, на која разговараа за идната улога на САД во Авганистан и на 66-те илјади американски војници во таа земја. Во заедничкото соопштение по средбата тие нагласија дека напролет мисијата на САД ќе се претвори во поддржувачка. Според првичните планови тоа требаше да се случи во текот на летото оваа година.

Оваа најава значи дека напролет сите самостојни воени операции на американските војници во Авганистан треба да бидат прекинати и оти Американците нема да патролираат низ населените места во земјата.

Карзаи изрази задоволство од оваа одлука, пред се‘ поради тоа што во авганистанските населени места повеќе нема да бидат присутни странски сили. Обама најави за неколку месеци да ги соопшти следните чекори за намалување на бројот на американските војници во Авганистан.

Двајцата претседатели не прецизираа колку војници ќе останат во Авганистан по завршувањето на 2014. година, кога е официјалниот краен рок за повлекување на странските војски од земјата. Темата била дискутирана, беше соопштено, без давање дополнителни детали.

Од сегашните 66 илјади американски војници, според плановите на војската на САД, по 2014. година би требало да останат меѓу 6 и 15 илјади војници. Белата куќа меѓутоа не икслучува ниту комплетно повлекување на трупите: „Сите опции се отворени“, изјави во вторникот заменикот советник за национална безбедност, Бен Родес. САД и НАТО со Авганистан договорија крај на воената мисија најдоцна до крајот на 2014. година. По целосното преземање на одговорноста за безбедноста од страна на авганистанските сили, според договорот за партнерство, американските сили сепак треба да останат во улога на инструктори на авганистанските војници и полицајци во борбата против екстремистите. Обама меѓутоа истакна дека во Авганистан ќе останат американски војници и по 2014. година само ако бидат заштитени од кривично гонење од страна на авганистанските власти.