1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД потрошиле 60 милијарди долари во Ирак

За обнова на земјата разурната по воената интервенција, САД потрошиле околу 60 милијарди долари. Ефектите од инвестицијата се мали, а повеќемина завршија во затвор поради проневера на средствата.

САД од инвазијата на Ирак, пред десет години, досега во земјата потрошиле 60 милијарди долари за обнова што има многу мали резултати, се наведува во рeвизорски извештај на генерален инспектор за обнова на Ирак. Амбициозниот план за трансформација на земјата по падот на Садам Хусеин мина во знакот на недовршени проекти и неисполнети очекувања, се наведува во финалниот извештај на специјалниот генерален инспектор за обнова на Ирак Стјуарт Боувен. Планот не ги даде очекуваните резултати поради спорот меѓу американските агенции и пристапот базиран на импровизација, при што немало директно одговорно лице за инвестициите за помош и обнова на Ирак, се наведува во извештајот претставен пред Конгресот. Поради пропусти во раководењето и финансиите, стотици проекти не ги постигнаа очекуваните резултати, што остави голем број Ирачани разочарани, се истакнува во извештајот.

Дел од парите за обнова се украдени и неколку американски воени функционери и раководители на компаниии ангажирани за спорведување на проектите се наоѓаат во затвор за проневера. За дел од средствата се‘ уште не е утврдено каде завршиле. Во извештајот, сепак, се заклучува дека програмата за обука и вооружување на ирачките сили претставува пример за успех.