1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД подготвува промена на стратегијата во Авганистан

Од почетокот на јуни, генералот Стенли МекКристал ја презеде командата со американските и меѓународните трупи во Авганистан. Тој треба да спроведе и фундаментална промена на стратегијата во регионот.

default

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи со генерали на НАТО

Основната цел во Авганистан и натаму е иста - тероростичката организација Ал Каеда во Авганистан треба да биде разбиена и победена. Ова го повтори и министерката за надворешни работи, Хилари Клинтон, на заедничката прес-конференција со британскиот колега, Дејвид Милибанд: „Првите извештаи ветуваат многу, но знаеме дека мора да изодиме уште долг пат.“

Конкретно, во тактиката во регионот дојде до поместување на тежиштето. За генералот Стенли МекКристал, од почетокот на јуни врховен командант на американските и на НАТО трупите во Авганистан, не главна цел да се зголеми бројот на убиени терористи. Тој многу повеќе се залага да им се обезбеди сигурен живот на цивилите. Специјалниот пратеник на американскиот претседател Обама за Пакистан и Авганистан, Ричард Холбрук, по неодамнешната посета на регионот истакна

Rekordernte bei Opium und Cannabis

Поле со афион во Авганистан

дека има веќе видливи елементи од промената на стратегијата на САД, на пример, тоа што американските трупи сега не ги уништуваат полињата со афион на авганистанските фармери: „САД на овој начин трошеа стотици милиони долари. За уништувањето на еден хектар обработлива површина засадена со афион потребни се 44 илјади долари,“ вели Холбрук и дополнува дека на тој начин Американците само си го натовариле гневот на земјоделците, кои се сиромашни и го садат она што може да им донесе најмногу пари. Наместо да ги уништуваат полињата, сега САД ги гонат куририте кои ја пренесуваат дрогата, што многу повеќе ќе ги погоди оние што профитираат од трговијата со дрога. Освен ова САД засилено ќе го поддржуваат земјоделството во Авганистан.

Дали е потребен поголем број војници во Авганистан?

Што се однесува до бројноста на меѓународните и американските трупи, Холбрук не сакаше да даде попрецизни податоци, туку порача: „Сосема е јасно, дека моменталниот број на силите за безбедност во Авганистан не е доволен на долг рок. Ова прашање ќе го разгледаме заедно со новата власт по претседателските избори во земјата.“

Bundeswehr in Afghanistan Von der ISAF zur NATO

Во моментов во Авганистан има околу 68 илајди американски и 30 илјади војницин на НАТО. Но, Стивен Бидл, експерт за одбрана од њујоршкиот институт „Каунсл он форин рилејшнс“, проценува дека во Авганистан се потребни 300 до 600 илјади војници. Бидл и’ припаѓа на групата експерти, кои за генералот МекКристал вршат проценка на ситуацијата. Завршниот извештај се’уште не е подготвен, но Бидл смета дека САД треба да ги повлечат трупите од планинските региони. Наместо да ги гонат Талибанците, што не носи големи плодови, треба да биде заштитено населението во селата. Американската армија едноставно не располага со доволен број војници за да оствари комплетно присуство во целата земја.

Но, безбедноста на населението е само еден од проблемите. За експертот Бидл многу поголем е проблемот со нефункционалноста на органите на власта во Авганистан. Државните службеници се многу лошо обучени, а најмногу работат за своја корист. Корупцијата им користи пред се’ на Талибанците, нагласува Бидл.

Karte Afghanistan Schutztruppe ISAF, Deutsch, Stand: März 2009

Авганистан

САД, според него, мора да почнат да бараат противуслуга за помошта и поддршката што ја пружаат. Само на тој начин може да се стабилизира земјата, смета експертот за одбрана: „Копаме бунари, градиме училишта и пружаме развојна помош, тоа се случува на различни нивоа и досега тоа го правевме без надоместок. Тоа мора да се смени. Би можеле да кажеме: ако ви пружиме помош за одредена работа, тогаш би морале да престанете да ги извлекувате невините луѓе од нивните автомобили и да ги тепате ако не се подготвени, да и’ платат поткуп на локалната полиција,“ смета Бидл.

Дванаесетчлениот експертски тим кон средината на месецов ќе му го предаде завршниот документ со предлозите за промена на стратегијата на министерот за одбрана Роберт Гејтс.

Автор: Кристина Бергман / Александра Трајковска

Редактор: Александра Трајковска