1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД повторно со подршка до Јадранската група

Министрите за одбрана на Јадранската група во Вашингтон се сретнаа со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. САД повторија дека сакаат да ги видат Македонија, Албанија и Хрватска како дел од НАТО.

default

Министерот Еленовски во Вашингтон

Македонија во целост ги исполнува обврските во однос на одбрамбените реформи, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно за добивање покана за чланство во НАТО. Министрите за одбрана од Јадранската група имаа кус получасовен состанок со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. По состанокот министерот за одбрана Лазар Еленовски соопшти дека Македонија добила поддршка од САД за добивање покана за членство, а биле пофалени реформите во одбрамбениот сектор. Сепак министерот уште еднаш повтори дека проблемот со името со Грција, иако не е дел од критериумите останува дека од агендата во пресрет на самитот во Букурешт. До самитот на НАТО во Букурешт остануваат уште неполни два месеца. САД во неколку наврати потенцираа дека сакаат да ги видат сите три земји од Јадранската гурпа како дел од Алијансата.