1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД повторно ги отвораат амбасадите

Соединетите Американски Држави имаат намера во текот на утрешниот ден (11.08.) повторно да ги отворат речиси сите дипломатски претставништва, кои беа затворени поради стравување од терористички напади.

Стејт Департментот во Вашингтон соопшти дека утре треба повторно да започнат со работа вкупно 18 американски дипломатски претставништва. Затворани ќе останат само уште амбасадата на САД во јеменскиот главен град Сана и конзулатот во пакистанскиот град Лахоре. Ситуацијата во овие места тековно се проверува, беше соопштено во американското министерство за надворешни работи.

Jemen - US-Botschaft in Sanaa

Амбасадата на САД во Јемен останува и натаму затворена

САД на 4. август затворија 19 амбасади и дипломатски претставништва на Блискиот исток и во Африка откако разузнавачките служби, како што тврдат, откриле електронска пошта на високи оперативци на Ал Каеда во кои биле разменувани информации за подготовка на напади. Конзулатот во пакистанскиот град Лахоре беше затворен во четвртокот (8. август) и беше повлечен персоналот.

Американските воени сили пак во изминатите денови ги засилија нападите со беспилотни летала врз цели во Јемен за кои се верува дека се упоришта на тамошниот огранок на терористичката мрежа Ал Каеда.