САД побараа помош од СТО за заштита од пиратерија | Економија | DW | 12.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

САД побараа помош од СТО за заштита од пиратерија

Големи проблеми и загуби на стопанството на САД од пиратеријата, пред се’ од Кина. Барање за интервенција од Светската трговска организација (СТО)

default

Американците се жалат од една страна поради производство и продажбата на кинески копии на американски филмови, книги или софтверски продукти, а од друга и поради многубројните ограничувања што ги спречуваат Кинезите да купуваат официјални верзии на производи за забава. Критиките се насочени против лабавите мерки на кинеската влада против фалсификаторите на производи на познати марки.

Пекинг веднаш реагира изразувајќи жалење и незадоволство поради американските поплаки кај Светската трговска организација СТО: тие, според кинеската влада, биле спротивни на билатералната спогодба трговските спорови да се решаваат на соодветен начин и ги поткопувале меѓусебните односи.

Американските производители на книги, ЦД-а и филмови се жалат дека од кинесата пиратерија имаат штети изразени со милијарди. Од друга страна, Кина спроведува стриктна контрола на увозот и годишно, на пример, во кината во таа земја можат да бидат прикажани само 20 странски филмови. Но, на улиците по правило за неколку евра можат да се купат копии на најновите холивудски филмови.

Американските гледања ги споделуваат и Европејците. “Кражба е кражба и за тоа треба да има кривичноправни последици. Прагот треба да е низок и не да се применат управни методи, туку целата сила на законите. Мора да биде казнива кражба на интелектуалната сопственост на другите, оти тоа е основа на нивната животна егзистенција. Кина сето теориски го признава, но практично не плаќа лиценцни права, ниту од државна страна се бара тоа од кинеските претприемачи” – вели Питер Менделсон, еврокомесар за трговија.

За разлика од Америка, ЕУ полага врз јасно кажување на работите и жилав преговори, а не врз официјални тужби. “За време на германското претседателство и кај Г8 државите на дневен ред ќе ја ставиме заштитата на интелектуалната сопственост. Кина секако натамошно ќе се приближува кон Г8 и ќе стане јасно дека и ова спаѓа во формите според кои мора да се одвива светската трговија” – вети германскиот канцелар Ангела Меркел лани во мај во Шангај.

Американски трговски експерти не очекуваат брзо решение на проблемот ни по жалбата кај СТО – дури и таа да интервенира, велат, спорот би можел да трае уште 20 години. Кина минатата недела барем најави дека кривична одговорност во иднина ќе има веќе и за минимален број илегално копирани ЦД-а.