1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД побараа испорачување на основачот на „Мегааплоад“

Американското државно обвинителство достави барање до Нов Зеланд за испорачување на основачот на фирмата „Мегааплоад“ Ким Дотком и тројца негови соработници.

САД обвинуваат дека интернет платформата „Мегааплоад“ ги прекршила законите за заштита на ителектуална сопственост и бара испорачување на основачот на фирмата поради сомневање за организиран криминал. На Дотком во САД му се заканува затворска казна до 20 години. Покрај Дотком, САД бараат да бидат испорачани и други двајца Германци - Фин Батато и Матијас Ортман, како и Холанѓанецот Брам ван дер Колк.

Megaupload / Logo / Datenspeicher-Plattform / Internet

САД обвинуваат дека интернет-платформата „Мегааплоад“ прекршила закони за заштита на интелектуалната сопственост

Дотком и неговите колеги во Оукленд се во домашен притвор. Сослушување околу барањето на САД за испорачување е предвидено за во август годинава.

САД сметаат дека онлајн платформата овозможила нелегални симнувања на содржини и со тоа на сопствениците на правата на филмови или музика им нанесла штета од најмалку 500 милиони долари.

САД исто така подигнаа обвиненија и против три лица во Европа. Едниот од нив холандската полиција го уапси во јануари годинава.

Автор: АТ/ АМ/ дапд

Редактор: Е.М.Фиданоска