1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: „Падна“ законот против хомо-браковите

Врховниот суд на САД денеска го укина американскиот федерален Закон со кој бракот се дефинираше само како заедница меѓу лица од различен пол. И во Калифорнија можат и натаму да се склучуваат истополови бракови.

Врховниот суд одлуката за укинување на Законот за заштита на бракот ја донесе со пет гласа „за“ и четири „против“. Укинувањето на Законот, со кој правата од социјалното и пензиското осигурување важеа само за хетеросексуалните бракови, се оценува како значајна победа на активистите за правата на хомосексуалците.

Во сојузната држава Калифорнија можат и натаму да се склучуваат истополови бракови. Судот денеска не се произнесе по барањето за оценување на уставноста на Законот на американската сојузна држава Калифорнија со кој се забрануваат истополовите бракови, со што останува одлуката од првата инстанца, кога беше поништено решението за забрана донесено на референдум. Двете одлуки на Врховниот суд на САД се сметаат за успех на активистите за човекови права.