1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД очекуваат почеток на мировните преговори за Блискиот исток

САД сметаат дека е можно обновување на блискоисточните мировни преговори уште во текот на овој месец. Проценката доаѓа од Викторија Нуланд, портпарол на Стејт департментот.

default

Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас

Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Викторија Нуланд на прес-конференција во Вашингтон порача дека разговорите меѓу американскиот посредник за Блискиот исток Дејвид Хејл и претседателот на Палестинците Махмуд Абас биле „продуктивни“. Таа се повика и на планот што членките на Блискоисточниот квартет го изготвија кон крајот на септември. Според него, Израелците и Палестинците би требало да склучат мировен договор до крајот на 2012 година. Првата средба во таа насока треба да се одржи веќе до крајот на овој месец, порача Нуланд.

Главна пречка во преговорите и понатаму останува изградбата на еврејски населби на палестинските автономни подрачја.

Автор: ГЧ/ дв

Редактор: А. Трајковска