1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД остро го критикуваат говорот на Асад

САД го обвинија сирискиот претседател Башар ал Асад дека ја негира целосно одговорноста за насилството во неговата земја.

default

Сирискиот претседател Башар ал Асад имаше прв јавен говор по цели седум месеци

Напорите на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја оправда примената на сила против демонстрантите во својата земја одново покажуваат дека Асад не е вистинскиот за да ја води Сирија во демократија, изјави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Викторија Нуланд.

Претходно сирискиот претседател во првиот говор по седум месеци повторно се претстави како жртва на заговор. За нередите во земјата Асад повторно ги обвини „терористите“ кои се наводно дел од „странски заговор“. Асад најави одржување референдум во март за уставни промени, но без да изнесе детали. Според ОН, ситуацијата во Сирија не се подобрува ниту по пристигнувањето на набљудувачката мисија на Арапската лига, просечно дневно гинат по 40 луѓе.

Автор: ЖА/СН/дв/ дпа

Редактор: Борис Георгиевски