1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД остануваат на ставот за набљудувана независност за Косово

*

САД остануваат на ставот дека Косово треба да добие статус на набљудувана независност согласно предлогот на Марти Ахтисари. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак синоќа изјави дека ставот на Вашингтон е непроменет. Тој не сакаше да ги коментира последните изјави во врска со евентуална поделба на покраината. Претставникот на ЕУ во преговорите Волфганг Ишингер во Приштина изјави дека посредничката тројка би прифатила какво било решение кое би го договориле Белград и Приштина, вклучително и поделба. Подоцна тој ова го демантираше, изјавувајќи дека бил погрешно интерпретиран.