1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД од воздух ќе дополнуваат со гориво француски авиони во Мали

При воената интервенција против исламистите во Мали, француските трупи сега добиваат поддршка и од Вашингтон.

Се работи за дополнување со гориво во лет на борбените авиони од француското воено воздухопловство. Пентагон се согласи за дополнување на француските воени летала, кои во моментов спроведуваат операции против исламистичките милитанти во Мали, откако претходно до претседателот Барак Обама било испратено барање за асистенција при воздушното дополнување со гориво. Американската поддршка за француската мисија беше искажана и во петокот, кога претседателот Барак Обама телефонски зборуваше со својот француски колега Франсоа Оланд.

Франција се обратила и до останати западни земји, меѓу кои и Германија, со барање поддршка за дополнување со гориво во воздух на леталата. Од германското министерство за одбрана изјавија дека земјата нема сертифициран систем за дополнување со гориво на француските летала, но оти се работи на барање решение.

Mali Französische Soldaten Bamako Flughafen

Војската напредува на терен

Додека западните земји бараат решение за француското барање, трупите на терен напредуваат. Француските воени авиони го уништија домот на лидерот на групата блиска до Ал Каеда, која го зазеде северниот дел од Мали. Француската војска денеска информираше дека таа напредува кон Тимбукту, упориштето на исламистите во Мали.

Состојбата во оваа земја е една од централните теми на денешниот состанок на Африканската унија. Од оваа организација велат дека ќе испратат трупи како поддршка на француските и малиските сили во справувањето со исламистите.