САД одмрзнаа шест милиони долари помош за Србија | Вести | DW | 04.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД одмрзнаа шест милиони долари помош за Србија

*

САД одмрзнаа околу шест милиони долари помош за Србија. Американската министерка за надворешни, Кондолиза Рајс изјави дека ваквата одлука е поради подобрената соработка на властите во Белград со Хашкиот трибунал. Овие средства се доделуваат во согласност со американскиот Законот за помош за странство, и станува збор за преостанатите шест милиони од вкупно 70, за 2006-2007 година чија исплата беше стопирана на 31 мај минатата година.