1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД одложија ракетна проба

Вашингтон сака да задржи „ладна глава“ во севернокорејската криза: планираниот старт за во вторник на „Минитмен 3“ е одложен. Севернокорејскиот лидер Ким Јон Ун пак нареди зголемување на производството на оружје.

Американското Министерство за одбрана го одложи планираното пробно лансирање на интерконтинентална ракета од една воена база во Калифорнија, поради зголемните тензии со Северна Кореја.

Како што соопшти претставник на Пентагон, американскиот секретар на одбрана Чак Хејгел го одложил лансирањето на ракетата со голем достерл „Минитмен 3“, планирано за идната недела, стравувајќи дека оваа ракетна проба би можела погрешно да биде протолкувана од страна на Пјонгјанг и дополнително да ги зголеми тензиите на Корејскиот Полуостров. Тестот сепак ќе биде одржан, но не е соопштено точно кога.

Армијата на Северна Кореја пред неколку дена соопшти дека има зелено светло да изврши нуклеарен напад врз САД, по што јужнокорејски извори информираа дека е регистрирано префрлање на севенокорејски ракети со „значителен дострел“ на источното крајбрежје на земјата.

Во меѓувреме во реонот на Корејскиот Полуостров продолжуваат редовните годишни воени маневри на припадници на армиите на САД и Јужна Кореја, кои ќе траат до крајот на месецот.

САД не исклучуваат нив ракетен тест на Северна Кореја. Уште пред неколку недели пак лидерот во Пјонгјанг, Ким Јонг Ун нареди засилено производство на оружје. Тоа се дознава од документарен фимл емитуван на државната телевизија, во која е прикажана неговата средба со работници во индустријата за оружје.

„Кога ќе избие војната, мораме да ги уништиме клучните позиции на непријателската војска и владините институции со брз и ненадеен удар“, изјави Ким.

Поврзана содржина