1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД не ја менува политиката со името на Македонија

САД потврдија дека политиката на Вашингтон во врска со името на

Македонија не е променета. „Во 2004 година ние ја признавме Македонија под нејзиното уставно име и тоа се користи во билатералните односи“, изјави заменик помошникот државен секретар во министерството за надворешни, Розмари Ди Карло. Коментирајќи го актот што го усвои американскиот Сенат каде името на Македонија е проследено со референцата ФИРОМ во заграда, Ди Карло додава дека поддршката за актот не значи и промена на политиката. Американскиот претседетел Џорџ Буш инаку го потпиша актот со кој се реафирмира поддршката за проширување на НАТО и со кој се овластува финансиска помош за земјите кандидати меѓу кои е и Македонија.