1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

САД не познаваат даночни оази

Големиот даночен скандал во Германија предизвика жестока дебата. Американските даночници не познаваат проблеми со даночни оази.

default

Американските даночни лупи се поостри од германските

Американските даночи иследници се познати по исклучителната учтивост. Кога ќе се најдете во бирото на американските даночни власти „Интернал ревенју сервис„ во Вашингтон, најчесто со вас се простуваат со зборовите:

„Ве молиме погрижете да си го платите данокот„.

Даночните обврзници во САД знаат дека немаат друг избор. Од даночните оази во светот, без оглед дали станува збор за Лихтенштајн или Кајманските острови, одамна се избркани. Од јануари 2001 година, даночните власти во земјата ги следат контата и движењата на капиталот на сите оние што се даночни обврзници во САД. Поради заканите од тероризам и глобално организираниот криминал, властите се залагаат за исклучителна транспаретност, вели бившиот државен секретар Џонатан Винер. Во времето на администрацијата на Бил Клинтон тој ги постави основите за соработка со банките во целиот свет:

„Јас го поддржувам ограничувањето на банкарските тајни што не’ штити од терористички и криминални опасности„.

Притоа не се прави никаква разлика во тоа дали вложувачот на капитал е американски граѓанин или станува збор за луѓе што се само привремено обврзани да плаќаат данок во САД. Оној што живее во САД, а капиталот го транспортира во странство, за тоа автоматски плаќа американски данок. Никој не може да се надева дека неговиот трансфер на капитал во странство ќе остане неоткриен, зашто американските даночни власти склучија договори со банките во целиот свет. Тие договори ги обврзуваат банките да ги известуваат американските власти за секој сопственик на конто што живее во САД. Банките исто така, без оглед дали се во Лихтенштајн, Луксембург, Швајцарија или Германија, се обврзани на американските даночни валсти да им ги соопштат имињата на американските клиенти. Зашто тие банки знаат дека ако не се придржуваат кон овие правила, ќе бидат исклучени од американскиот пазар на капитал. Тоа никој не го сака. Бескомпромисниот настап на американските даночни власти мора да се посматра и врз заднината на терористичките напади од 11 септември, вели екс-државниот секретар Џонатан Винер:

„Сето тоа им служи на напорите на владата да се спречат сиви зони за перење пари што постоеја пред тој датум„.

Пари за ваквата битка не недостигаат: за околу 100 илјади вработени во даночните власти постои буџет од преку 10 милијарди долари и одлични врски со сојзуната полиција ФБИ, како и со ЦИА.