1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД не и‘ верувале на бугарската безусловна поддршка за Македонија

Во допис од американската амбасада во Софија од декември 2009 година, кој го објави Викиликс, се изразува загриженоста на Вашингтон за договорот за добрососедство кој владата на Борисов и‘ го понуди на Македонија.

default

САД немале голема доверба во добрите намери на Бугарија. фото: бшефот на бугарската дипломатија Николај Младенов

Бугарија нема да биде пречка за македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО, дури и доколку Скопје одбие да го потпише договорот за добрососедство понуден од Софија, ги уверувале бугарските дипломати, американските претставници во Бугарија, но тие не биле уверени во добрите намери на Софија. Депешите објавени на Викиликс пренесуваат повеќе разговори и брифинзи на американските претставници со бугарските официјални лица во врска со проблемот. Пренесена е и атмосферата од средбата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со македонскиот Никола Груевски во Софија на 16 ноември 2009-та, на која Борисов го понудил на потпис Договорот  на четири страници за пријателство и добрососедски односи.

Бриферите во бугарското МНР им соопштиле на американците дека во „потпишувањето на договорот гледаат знак за добра волја дека македонската страна е подготвена да ги исполни барањата кои се од особен интерес на Бугарија“.

Нова влада- нова политика

„Советникот на бугарскиот премиер ни кажа дека потпишувањето на документот ќе гарантира безусловна бугарска поддршка за македонската интеграција во евро-атлантските институции. Доколку Скопје не го потпише документот, Бугарија нема да ја блокира Македонија, но највисоките софиски владини претставници се фрустрирани поради, според нив, недостатокот на чувствителност кај македонската влада за бугарската загриженост, и земањето на бугарската поддршка здраво за готово“.

Во коментарот на депешата, американскиот претставник заклучува дека тогашната нова влада на Борисов е далеку помалку подготвена да „ги трпи“ навредите од Македонија, но истовремено сака ова прашање да го искористи и во домашната политика. „Барајќи потпишување на договорот, Борисов сака да ја задоволи националистичката партија Атака, која му дава поддршка во парламентот“.

Од американската амбасада во Софија заклучуваат дека е очигледно дека бугарската влада ја менува политиката кон Македонија, но и дека не може со сигурност да се тврди дека која е целта на документот за добрососедство кој му е понуден на Скопје.

Автор: Борис Георгиевски/викиликс

Редактор: Жана Ацеска