1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: нема можност за корекција на косовските граници

Новоименуваната американска амбасадорка во Косово ја отфрли можноста за промена на границите на поранешната српска покраина. Разговори со Белград- само за нормализација на односите.

Новата американска амбасадорка во Косово Трејси Ен Џејкобсон изјави дека статусот на Косово е решен и оти не постои никаква можност за „корекција на границите“.

Таа додала дека САД се целосно определени во корист на суверенитетот на Косово на целата негова територија.

„Она на што треба да се фокусираат Косово и Србија е дијалогот, кој ќе донесе нормализирање на односите меѓу двете земји“, истакна Џејкобсон за српското Радио КИМ.

Претходно Џејкобсон за Радио телевизија Косово изјави дека Србија треба да ја прифати реалноста на независно Косово и изрази задоволство што Приштина и Белград се подготвени сериозно да се ангажираат во дијалогот. Коментирајќи околу завршувањето на надгледуваната независност на Косово, амбасадорката истакнала дека тоа е значајно и историско достигнување на Косово, кое треба да се прослави.

„Но, тоа истовремено претставува и поголема одговорност за косовската Влада, која треба да продолжи да ги развива своите институции за да обезбеди средина која ќе гарантира толеранција и мултиетничка демократија“, изјавила Џејкобсон.