1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД нема да прифатат постоење Северна Кореја како нуклеарна сила

Атомската програма на Северна Кореја е темата која се наметна на регионалната конференција за безбедност во Сингапур. Рецепт против опасните провокации на Пјонгјанг -нема.

default

Ким Јонг Ил

На регионалната конференција за безбедност во Сингапур, како тема се наметна атомската програма на Северна Кореја: откако режимот во Пјонгјанг изминатите денови тестираше атомско оружје и повеќе ракети со краток дострел, меѓународната заедница бара патишта за да ја намали напнатоста од политичката криза. Пред претставници од 27 земји, премиерот на Австралија Кевин Руд, се заложи во поздравниот говор за економски санкции против режимот во Пјонгјанг.

Robert Gates

Роберт Гејтс, министер за одбрана на САД

Американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс истакна пак дека атомската програма на Пјонгјанг претставува опасност за мирот и стабилноста во регионот: „Наша цел е атомско разоружување на кореанскиот полуостров. Тоа мора да биде целосно спроведено и видливо. Атомски вооружена Северна Кореја нема да прифатиме.“

Советот за безбедност на ОН жестоко ја криткуваше политиката на северно-корејскиот режим, уште на почетокот на неделва. Во моментов највисокото тело на светската организација дебатира околу санкциите за Северна Кореја. Јапонија и САД предложија нацрт предлог, а гласањето се очекува на почетокот на наредната недела.

Критики до Северна Кореја од Јапонија и Кина

Во меѓувреме Јапонија и Кина ја повторија критиката до северно-корејскиот властодржец. Министерот за одбрана на Јапонија, Јасуказу Хамада, на конференцијата во Сингапур рече: „Атомска проба од страна на Северна Кореја плус зајакнување на ракетните истрели значи сериозна закана за безбедноста, не само за Североистокот на Азија, туку за целата меѓународна заедница. Тоа не смее да се дозволи.“

Nordkorea sprengt Kühlturm des Atomreaktors in Yongbyon

Атомски реактор во Северна Кореја

Слична порака се слушна и од страна на кинескиот претставник во Сингапур. Заменикот шеф на армијата на Кина Ма Ксиаоциан, преку својата преведувачка соопшти: „Како сосед на Северна Кореја, Кина изрази противење и загриженост поради нуклераниот тест. Министерот за надворешни работи веќе соопшти дека нема промена на нашиот став и дека одлучно сме против ширење на нуклеарното оружје. Сметаме дека кореанскиот полуостров треба да се разоружи.“

Во моментов режимот на Северна Кореја се заканува со „натамошни мерки за самоодбрана“, доколку се почувствува дека е провоциран од страна на Советот за безбедност на ОН.

САД на страната на сојузниците

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, во Сингапур рече дека САД стојат на страна на своите сојузници во регионот. Истовремено тој предупреди дека во ваква клима на страв и несигурност е можен натпревар во вооружување меѓу земјите во Азија. „Мора да се направи обид по мирен пат да се стопираат вакви програми, пред да станат јасна и непосредна закана, не само за САД, туку и за другите земји во регионот.“

На конференцијата за безбедност учествуваат шефови на влади, министри за одбрана и воени експерти. Освен Северна Кореја на дневен ред во Сингапур се и улогата на САД во азиско-пацифичкиот регион, соработката за регионалната безбедност и мерките против пиратеријата.

Автор: Никол Глас / Александра Трајковска