1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД му се закануваат на Еквадор, Сноуден и натаму во Москва

Вашингтон го предупреди Еквадор дека ќе трпи тешки последици доколку му одобри азил на Едвард Сноуден. Какви се плановите на човекот што ги откри програмите за интернет-надгледување и натаму не е познато?

Тонот меѓу САД и Еквадор се заострува поради спорот околу поранешниот експерт на тајните служби Едвард Сноуден. Членови на американскиот Конгрес му се заканија на Еквадор дека ќе трпи тешки економски последици доколку му одобри азил на 30-годишниот Сноуден, кој се‘ уште се наоѓа во Москва (на фотографијата аеродромот Шереметјево во Москва).

Доколку биде одобрен азил, „продолжувањето на трговските привилегии за Еквадор, кое претстои, ќе биде блокирано“, предупреди претседателот на Комисијата за надворешна политика на Сенатот, Роберт Менендез.

Владата во Кито, пак, од САД побара писмено да образложи зошто не треба да му биде одобрен азил на Сноуден.

Сноуден, кој ги обелодени американската и британската програма за надгледување на интернет, во неделата (23.06) од Хонгконг пристигна во Москва. Таму тој, наводно поради тоа што е без важечки пасош седи во транзитниот простор на аеродромот Шереметјево. Владата во Кито соопшти дека Сноуден побарал азил во Еквадор.

Symbolbild Ecuador Geldpolitik Schulden Dollarnoten und Wappen

Еквадор ќе се соочи со последици, предупредуваат САД

Рускиот експерт за правни прашања Владислав Кочерин денеска (27.06) за весникот „Ведомости“ оценува дека Сноуден би можел многу долго да остане во транзитниот дел на аеродромот доколку поседува транзитна виза, која во исклучителни околности може да биде постојано продолжувана. Со тоа што САД го анулира пасошот на Сноуден, создадени се вакви исклучителни околности, вели Кочерин.

САД им се заканија на сите држави кои ќе му пружат помош на информантот дека ќе се соочат со последици. „Нашата влада нема да наградува држави за лошо однесување“, се закани Менендез. „Трговските предности се привилегии кои и‘ се даваат на една држава, не се нејзино право“, рече тој. Слична е изјавата и на демократот во Комисијата за трговија на американскиот Конгрес, Сенди Ливајн. Трговските привилегии за Еквадор, кои истекуваат наредниот месец, нема „во никој случај“ да бидат продолжени доколку му биде одобрен азил на Сноуден, изјави тој за весникот „Хил“.