1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД му изразија сочувство на Пакистан

По воздушниот напад врз пакистански војници во пограничната област кон Авганистан, министрите на САД за надворешни работи и за одбрана Хилари Клинтон и Леон Панета и‘ изразија длабоко сочувство на владата во Исламабад.

default

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Двајцата министри на своите ресорни колеги во Пакистан им ветија целосна поддршка за итна истрага на инцидентот од страна на НАТО. По смртта на најмалку 24 војници во нападот на хеликоптер на НАТО, пакистанската влада упати остра критика, говорејќи притоа за груба повреда на суверенитетот на земјата. Властите во Исламабад уште порачаа дека ќе ја преразгледаат целокупната соработка со САД и со НАТО и привремено ги блокираа главните сообраќајници за снабдување на силите на Алијансата стационирани во Авганистан.

САД имаат 15 денови да ја испразнат базата Шамзи

Angriff Nato-Hubschrauber in Pakistan

Пакистанските безбедносни сили ги запираат камионите за снабдување на НАТО

Како резултат на таа мерка, околу 300 камиони за НАТО се на граничните премини. Возачите стравуваат дека може да бидат цел на напади на пакистански талибанци. На еден од премините, Торхам лани талибанци уништија 150 каммиони со доставки за НАТО во Авганистан

САД беа повикани во рок од 15 денови да ја напуштат нивната воздухопловна база во местото Шамзи во провинцијата Балучистан на југозапад во Пакистан. Од таму полетуваат американските беспилотни летала на нивните спорни напади врз талибанските позиции. Командантот на американските и на силите на Алијансата во Авганистан, генералот Џон Ален, вети детална истрага за инцидентот.

Тој се случил вчера (26.11.2011) во два часот наутро по локално време кога хеликоптер на НАТО испукал проектили врз пакистански воен контролен пункт во племенскиот регион Мохманд. Познато е дека во оваа област пакистанската армија води борба со талибанците и борците на Ал Каеда, кои продираат во Авганистан и извршуваат напади врз меѓународните сили, предводени од НАТО.

Автор:СН/ЖА/дпа/афп/мф

Редактор: Жана Ацеска