1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

САД можат да банкротирaат во средината на октомври

Владата на САД нема да биде во состојба по 17 октомври нормално да ги подмири своите обврски со оглед на постоечката горна граница на јавниот долг, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.

Во обраќање пред Конгресот, тој рече дека по повеќемесечно „жонглирање со потрошувачката, поради исполнување на владините обврски без дополнително задолжување, овие вонредни мерки до тој датум ќе бидат исцрпени“, што ќе го остави Министерството за финансии со само 30 милијарди долари во кеш.

„Овој износ ќе биде далеку помал од нето расходите во одредени денови, кои би можеле да достигнат дури 60 милијарди долари. Ако немаме доволно пари во раце, ќе биде невозможно, по првпат во историјата, САД да ги исполнат своите обврски“, додаде тој.

Тој го повика Претставничкиот дом да ја зголеми законската горна граница на јавниот долг, која во мај е одредена на 16.700 милијарди долари.

„Зголемувањето на границите на задолжување не ја зголемуваат владината потрошувачка, туку само му овозможува на трезорот да ги плати расходите кои Конгресот веќе ги одобри“, додаде тој.

Опозициските републиканци го условуваат гласањето за зголемување на државниот долг со одложување на новиот план за здравствена заштита „Обамакер“ на администрацијата на претседателот Барак Обама. Републиканскиот сенатор Тед Круз ја блокираше работата на Сенатот, откако 21. час непрекинато зборуваше против здравствените реформи.

Доколку до 1 октомври во поделениот Конгрес не биде постигнат договор за буџетот, Владата на САД ќе остане без пари и ќе почне постепено затворање на сите институции.