1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – масакр - истрага

Американските истражни органи се‘ уште немаат решение на загатката околу мотивите за масакрот во Техничкиот универзитет во Вирџинија. За сега се знае дека извршителот на масакрот е од азијатско потекло и дека и самиот бил студент на универзитетот. Бројот на жртвите за сега изнесува 33, но повеќе студенти и професори се во критична состојба. Во меѓувреме се засилува критиката на сметка на раководството на универзитетот, кое не го блокирала целиот кампус по првата престрелка два часа пред големиот масакр. Исто не се знае дали напаѓачот во првата и во втората престрелка е ист.

Американскиот претседател Џорџ Буш им изјави сочувство на најблиските на жртвите, но истовремено нагласи дека нема да измени ништо во правото на секој американски граѓанин да носи оружје.