1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД лути поради лиферувањето руски ракети на Сирија

Русија опстојува на договореното испорачување на одбранбени ракети на Сирија. Американската влада е незадоволна и предупредува да не се врши охрабрување на спорниот властродржец Асад.

default

Шефот на американскиот Генерален штаб Мартин Димпси во Пентагон претстојното лиферување на одбранбени ракети во Сирија од страна на Русија го оцени за „несреќна одлука“ со која сирискиот претседател Башар ал Асад само се охрабрува, што значи продолжување на граѓанската војна и страдањата која таа ги носи. Новинската агенција Ројтерс претходно извести за испорака на ракети од типот „Јахонт“, повикувајќи се на информации од кругови на американската влада.

Русија ракетите Јахонт во вредност од 300 милиони долари и‘ ги продаде на Сирија уште во 2011. година. Владата во Кремљ и покрај критиката од Запад не сака да се откаже од договорот постигнат со Дамаск уште пред почетокот на граѓанската војна во Сирија. Испораката освен ракети „Хахонт“ треба да содржи и ракетни системи С-300 (на насловната фотографија).

Рускиот министер за надворешни рабпти Сергеј Лавров ја отфрла критиката од САД со аргументација:

„Ние испорачуваме само дефанзивно оружје и со тоа не овозможуваме никаква предност на сириската влада во борбата против бунтовниците.

Ban Ki-moon zu Besuch in Sotschi Russland mit Sergei Lawrow

Бан Ки Мун и Сергеј Лавров

Според западните медиуми, модерните руски ракети можат да го спречат воведувањето на се‘ почесто дискутираното воспоставување зона на забранети летови, како и испораката на оружје до бунтовниците по морски пат. Русија спаѓа во малубројните сојузници на Асад и само во 2011 година и‘ продаде на Сирија оружјево вредност од речиси една милијарда долари.

Рускиот претседател Владимир Путин во меѓувреме истакна дека ОН и натаму треба да играат клучна улога во барањето решение за конфликтот во Сирија.

„Претседателот и генералниот секретар на ОН се единствени дека конфликтот треба да сереши врз основа на меѓународното право“, истакна портпарол на Путин по неговата средба со Бан Ки МУн.

Истовремени Русија ја засили својата флота во источното Средоземноморје. Ккао што извести кипарската телевизија, во пристаништето во Лимасол впловиле три руски воени бродови, а три се во близината на сириското пристаниште Тартус, каде Русија има воена база.