1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Косово

САД им поднесоа на амбасадорите во Советот за безбедност на ОН нова, малку изменета резолуција за Косово. Овие измени не придонесоа за измена на ставот на Русија, чиј амбасадор Виталиј Чуркин најави дека ќе стави вето доколку се гласа за новиот документ. Американскиот амбасадор Залмај Кализад најави дека денеска ќе почнат сериозни консултации на експертите од земјите членки на Советот околу новиот предлог на САД. “Суштината на оваа резолуција е Косово да влезе во нова фаза на патот кон независност, која е неизбежна. САД сакаат за новата резолуција да се гласа веќе наредната недела“ , истакна Кализад.