1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Конечно компромис во спорот околку буџетот

Падот на САД во т.н. „фискална бездна“ може да изспадне релативно мек: Демократите и Републиканците во Сенатот договорија компромис во спорот околу државниот буџет.

Компромисот меѓу двата доминирачки политички блока во САД предвидува поштедување на средната класа од даночните зголемувања. Домаќинствата со годишен приход повеќе од 450 илјади долари, како и поединци кои заработуваат повеќе од 400 илјади долари годишно, меѓутоа ќе треба да плаќаат поголеми давачки. Американскиот претседател Барак Обама првично сакаше границата да биде кај 250 илјади долари, а Републиканците не се согласуваа воопшто со зголемувања на даноците.

Двете страни се согласиле два месеца да бидат замрзнати драстичните кратења на државните издатоци од кои уште оваа недела би биле погодени Пентагон и сојузните служби. Со тоа треба да биде добиено време за посеопфатна и пообмислена програма за штедење.

Рокот за малку пробиен

Во Сенатот согласноста беше изгласана ноќта, во пресрет на Новата година (во раните утрински часови во вторник по локално време) со јасно мнозинство од 89 гласа наспроти 8 против, иако околу два часа по истекот на рокот, кој беше до полноќ. Сега треба да даде согласност и Претставничкиот дом. Неговиот претседател од Републиканците, Џон Бенер изјави дека ќе се погрижи за брзо изгласување. Ако Претставничкиот дом денеска или утре исто така го одобри компромисот, можно е падот во т.н. „фискална бездна“ која предвидува всушност автоматски зголемувања на даноците во обем од 536 милијарди долари и кратења на државните издатоци од околу 110 милијарди долари, да испадне крајно без последици.