1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и Турција повторно добри пријатели

По кризата во односите меѓу двете земји есеноска, Вашингтон одлучи да ја подржи Анкара во борбата против курдските бунтовници . Синоќа претседателот Џорџ Буш му вети натамошна подршка на турскиот колега Абдула Ѓул

default

Ѓул и Буш


Само пред два месеци изгледаше како ,долгогодошните сојузници Турција и САД  повеќе никогаш да нема да можат да се разберат.  Американскиот Конгрес не ја усвои планираната резолуција за геноцидот врз Ерменците од страна на турските власти за време на Првата светска војна , бидејќи Турција се закани со жестоки реакции. Анти-американизмот во Турција , драматично се зголеми , откако курдската бунтовничка организација ПКК во еден напад изведен од северен Ирак уби дузина турски војници.
Возобновена љубов
Но вчера се меѓутоа изгледаше поинаку.
Американскиот претседател го нагласи стратегиското партнерство меѓу двете земји:
„Односите меѓу САД и Турција се важни за нашата земја. работевме напорно , за да ги зацврстиме тие односи и веруваме и верувам дека успеавме во тоа“
Голема улога во тоа одигра променетата стратегија на северот од Ирак. Веќе два месеци, турските бомбардери ги добиваат координатите за своите цели од американските шпиунски авиони. Турскиот претседател, Ѓул во Вашингтон изрази задоволство од американската подршка во борбата против како што рече терористичката ПКК.
Буш- Европа ќе профитира од приемот на Турција во ЕУ
Но подршката од Вашингтон не доаѓа без услови.По средбата Белата Куќа се огласи со пораката дека во  борбата против ПКК не може  да се победи само со воени сретства , туку мора да се зборува и за економски, социјални и политички мерки, со кои ќе се создадат подобри животни услови за Курдите во Турција. Буш уште еднаш ја подржа Турција и во одност на нејзините амбиции за членство во ЕУ:
„ Цврсто сум уверен дека Европа ќе профитира од Турција како членка на ЕУ. Верувам дека е во интерес на мирот Турција да биде примена во Унијата“ - изјави Буш и истовремено Вашингтон побара од Анкара , да продолжи со демократските реформи. 
Ѓул се заблагодари за подршката и го замоли Буш , за подршка против оние кои се силно се борат против приемот на Турција во ЕУ. Ѓул притоа мислеше на францускиот претседател Никола Саркози иако директно не го спомена неговото име:
„ САД отсекогаш не подржуваа околу прашањето за ЕУ. Очекуваме и натаму да не подржуваат . Сега тие имаат повеќе пријатели. Знаете на што мислем“