1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и‘ се закануваат на Северна Кореја, затегнатоста расте

САД ја предупредија Северна Кореја да не ги користи двете уапсени американски новинарки како средство за политичка уцена. Вашингтон, освен тоа, уште еднаш побара тие да бидат веднаш пуштени на слобода.

default

Американските новинарки се осудени на принудна работа

Пресудата на Врховниот суд на Северна Кореја, со која двете американски новинарки се осудуваат на по 12 години принудна работа, само дополнително ги оптовари односите меѓу двете земји. Американскиот претседател Барак Обама изрази голема загриженост поради ваквата пресуда и, преку портпаролот на Белата куќа, најави дека неговата администрација ќе стори се’ што може за ослободување на новинарките.

Nobelpreisträger Al Gore spricht auf dem Klimagipfel in Bali

Ќе ја преземе ли деликатната мисија? Нобеловецот Ал Гор

Тие се обвинети дека за време на снимањето на една ТВ емисија во пограничното подрачје меѓу Кина и Северна Кореја нелегално ја минале границата.

Американското министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу опциите за ослободување на двете новинарки се разгледува и онаа за испраќање специјален пратеник во Пјонгјанг.Меѓу кандидатите за оваа деликатна дипломатска мисија се наоѓа и поранешниот американски заменик-претседател и носител на Нобеловата награда за мир, Ал Гор. Во игра е и поранешниот амбасадор на САД при ОН, Бил Ричардсон, кој во 90-тите години успеа да ослободи двајца американски државјани од рацете на севернокорејскиот режим.

Нови взаемни закани

Во меѓувреме, министерката за надворешни работи Хилари Клинтон се закани дека САД ќе ја вратат Северна Кореја на списокот на „непресметливи држави“, кои го поддржуваат тероризмот.

Nordkorea Atom Hafen in Japan für Schiffe aus Nordkorea gesperrt

Што пренесува всушност? Севернокорејски товарен брод со стари велосипеди

Претходниот американски претседател Џорџ Буш, дури минатата година ја симна Северна Кореја од овој список.

Односите меѓу официјален Вашингтон и Пјонгјанг се затегнати пред се’ поради најновата атомска проба на северно-корејската армија, како и тестирањето повеќе ракети. Според американските медиуми, администрацијата на Барак Обама ја проверува и можноста за систематско запирање и контролирање на севернокорејските бродови, под сомневање дека пренесуваат оружје. Владата во Пјонгјанг веднаш возврати дека во тој случај ќе примени воени средства за да ги заштити сопствените бродови.

Автор: Албрехт Циглер/ Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина