1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и Русија водат дијалог на глуви

Плановите на Пентагон за инсталирање системи за против ракетна одбрана ги поделија духовите. Околу што навистина се спори објаснува Хорст Клојзер во следниот прилог.

Шефовите на германската и американската дипломатија Штајнмајер и Рајс разговараа и за ракетните системи

Шефовите на германската и американската дипломатија Штајнмајер и Рајс разговараа и за ракетните системи

Системот за против ракетна одбрана се состои од 54 ракети за пресретнување. Американците имаат намера да ги позиционираат на стратешки положби ширум светот и на тој начин да си обезбедат заштита од балистички ракети. Тоа за Русија, меѓутоа, претставува елемент што ќе ја наруши стратешката рамнотежа, а особено заканувачки за официјален Кремљ е тоа што дел од ракетите треба да бидат стационирани на европска почва, имено во Полска. Десетината ракети без боеви глави не претставуваат никаква опасност за Русија, со оглед на стотиците балистички ракети со нуклеарна муниција со кои располага руската армија, нагласува шефицата на американскиот Стејт департмент Кондолиза Рајс.

“Живееме во време, во кое Русија и САД одржуваат добри работни односи и само малкумина воопшто би дошле на идеја дека двете земји би можеле да дојдат во нуклерен конфликт.“

Овој систем на одбрана е насочен кон земјите од Блискиот исток, особено кон Иран, тврдат Американците. Од стратешка гладна точка Турција се наоѓа преблиску за да можат ракетите за пресретнување да бидат инсталирани таму. Полска е токму вистинската точка – посочуваат ексепртите на Пентагон. Тие на ги разбираат острите протести од руска страна и затоа што плановите за ракетниот штит биле на време соопштени во Советот НАТО – Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин поинаку гледа на новонастанатата ситуација :

“Нашите воени експерти не веруваат дека анти ракетните системи во Источна Европа се насочени против Иран или некакви терористи. Имаат ли терористите балистички ракети? Нив ги нема ни Иран, тој располага само со ракети со среден дострел до 2.400 км.“

Значи ако американските пресретнувачки ракети не се насочени против Иран, тогаш мора да се против Русија – аргументира официјална Москва. Затоа руското министерство за одбрана најавува вложување 100 милијарди евра во наредните 10 години за модернизација на атомското оружје. Тоа веќе сега создава системи со кои може да се менува патеката на балистичките ракети, така што пресретнувачките проектили на Американците би биле беспомошни.

Но, целиот спор има се чини повеќе други, политички причини. Аргументите на Кремљ се повеќе насочени кон домашната јавност и се обидуваат да покажат оти Русија под Путин се враќа на меѓуанродната политичка сцена како голема сила. А САД со новите системи на против ракетна одбрана се обидуваат да ја зачуваат позицијата на единствена светска супер сила. Затоа во бурната дебата обете страни водат дијалог на глуви!