1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД и НАТО сакаат СБ да донесе нова резолуција за Косово

САД и НАТО сакаат Советот за безбедност на ОН да усвои нова резолуција за Косово заснована на предлогот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари со цел во покраината да се создаде опкружување на безбедност и стабилност. Ваква порака по синоќешната средба во Тексас со американскиот претседател Џорџ Буш, упати генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хооп Шефер. Според него предлозите на Ахтисари се добри, а резолуцијата на Советот за безбедност многу важна.