1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и Кина го формираат 21 век

Во Вашингтон се одржува првиот американско-кинески економски форум, чија цел е трговските односи на двете земји да ги постави на нови основи.

default

Претседателот Обама со кинеските претставници

Американско-кинескиот економски форум заеднички го организираат министерствата за надворешни работи и финансии и беше отворен лично од американскиот претседател, Барак Обама. Во поздравниот говор, Обама јасно стави до знаење колкава е важноста на американско-кинеските односи: „Односите меѓу САД и Кина ќе бидат тие што ќе го формираат 21. век“, рече тој.

Глобалната економска ситуација, промената на климата, гладта во светот и сиромаштијата, разоружувањето - двете земји треба да соработуваат во сите овие полиња, истакна претседателот.


Да се поттикне домашната потрошувачка

САД на форумот ги застапуваат министерката за надворешни работи, Хилари Клинтон и министерот за финансии, Тимоти Гајтнер. Американското стопанство во иднина не смее да се потпира само на увозот од други земји, потенцира Гејтнер, што, пак, за Кина значи дека во иднина не треба да го базира економскиот развој единствено на извозот. Мора да се поттикне потрошувачката во сопствените земји. Освен тоа, Гејтнер апелира Кина повеќе да се заложи за заштитата на животната средина и изворите на енергија.

„Мора да се постават нови услови, кои ќе овозможат благ премин на економскиот развој кон поеколошко стопанство“, истакна Гејтнер.

Spielzeugauto produziert in China, Made in China

Кина во иднина да не го базира развојот само врз извозот


На свеченото отворање на форумот, САД нагласија колкаво значење и` придаваат на Азија. Министерката за надворешни работи, Хилари Клинтон, чие прво службено патување беше токму во Пацифичкиот регион, истакна дека САД во изминативе триесет години дале значаен придонес за безбедноста во регионот, што било од интерес и за Кина:

„И во иднина активно ќе се залагаме за безбедноста и сигурноста во Азија. Ако некогаш дојде до недоразбирања или неусогласеност на мислењата, секогаш ќе се обидеме да помогнеме по мирен пат и со интензивни преговори“, рече Клинтон, вчера (27.07.2009) во Вашингтон.

Кина ќе продолжи да се отвора

Но, и Кинезите не настапија помалку самоуверено. Кинеската делегација брои околу 150 членови, предводена од вицепремиерот Ванг Ќишан. Во поздравната порака што ја испрати претседателот Ху Ѓинтао, се вели дека двете земји сносат заедничка одговорност во многу области. Вицепремиерот Ванг Ќишан, пак, нагласи дека Кина ќе ја забрза индустријализацијата и урбанизацијата. Кинескиот пазар има голем потенцијал, од кој многу нации можат да профитираат. Кина ќе продолжи да се реформира и отвора, а кинеската влада ќе преземе уште повеќе мерки за да се справи со економската криза. Целта на сето ова е да се стабилизира сопствениот економски развој, истакна Ќишан на отворањето на американско-кинескиот економски форум, вчера во Вашингтон.

Автор: Кристина Бергман / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска