1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и ЕУ ќе организираат „серија“ финансиски самити

Последни жртви на финансиската криза се холандската банка ИНГ и француската штедна банка. Политичарите во меѓувреме бараат излез. Претседателот Џорџ Буш со неговите европски колеги ќе организираат финансиски самити.

default

САД и ЕУ преземаат мерки за надминување на финансиската криза

Турбуленциите предизвикани од светската финансиска криза и натаму се одразуваат на европските пазари. За првпат од своето основање во 1991 година, холандската ИНГ банка во петокот објави дека во третиот квартал годинава работела во минус и забележала загуби од 500 милиони евра. Со оглед финасиската криза, на ИНГ банката сега ќе и бидат потребни десет милијарди евра државна помош. Француската штедна банка исто така во петокот објави загуби од околу 600 милиони евра, настанати со шпекулации на берзите. Поради милионските загуби и лошото работење, шефот на француската штедна банка поднесе оставка, исто и генералниот директор.

Меѓународни самити за надминување на кризата

И додека на европските пазари, банките во текот на викендов се соочуваа со последиците од светската финансиска криза, во Кемп Дејвид се оддржа Американско-европска средба на која е договорено: наредниот период ќе се одржат серија меѓународни самити за надминување на светската финансиска криза. Првиот самит би требало да се одржи веднаш по американските претседателски избори.

Во неговата прва реакција по средбата, во присуство на гостите, францускиот претседател и претседавач со ЕУ, Никола Саркози, и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо, претседателот Џорџ Буш рече: „Прва задача е да се стабилизраат финансиските пазари во секоја земја. Важно е да соработуваме, кризата заедно ја преживуваме.“

Потребни се механизми за контрола и заедничко делување

Францускиот претседател Саркози по средбата со неговиот американски колега од своја страна истакна дека мора да се воспостават подобри механизми за контрола на меѓународниот финансиски сектор. Според Саркози, живееме во 21 век, а сеуште се применуваат правила од 20 век. Саркози укажа и на проблемите со хеџ фондовите како и даночните оази, кои не подлежат на никакви контроли.

Finanzgipfel Bush Sarkozy Barroso

Францускиот претседател Никола Саркози со американскиот претседател и претседателот на ЕК

Фрнацускиот претседател побара меѓународната заедница заеднички да делува: „Секој регион-САД, Европа, Азија мора да пронајдат сопствено решение. Но решенијата ќе бидат многу поефективни, ако државите зборуваат во еден глас.“

На средбата во Кемп Дејвид, Буш, Саркози и Барозо постигнаа согласност дека на финансиските самити нема да се загрози постоењето на пазарното стопанство и капитализмот. Од есенцилјално значење е, да е зачуваат фундаментите на демократскиот капитализам - слободниот пазар, слободните претпријатија, и слободна трговија, рече Буш.

Се смета за сигурно, дека на првиот финансиски самит покрај седумте водечки индустриски нации и Русија ќе учествуваат и земјите во развој Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка.

DW.COM