1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД и ЕУ со заедничка стратегија за спорот со Иран

Вашингтон подготвен на дипломатски решенија

Иранска нуклеарка

Иранска нуклеарка

САД според американската министерка за надворешни ррботи Кондолиза Рајс би го поддржале Иран во пристапот кон Светската трговска организација,доколку земјата се откаже од атомската програма.Оваа понуда има за цел поддршка на дипломатската иницијатива на ЕУ за завршување на иранскиот спор.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на САД,Ричард Баучер, во Вашингтон објави:

„САД ги ценат напорите на европската тројка и на Меѓународната агенција за атомска програма да се справат со прашањето на иранската атомска програма.За да ја поддржи европската дипломатија,претседателот Џорџ Буш реши да го деблокира отпорот за пристап на Иран кон Светската трговска организација.Освен тоа,подготвени сме,од случај до случај,да дозволиме увоз на резервни делови за иранските цивилни авиони“,изјави Баучер.

Европејците од своја страна се обврзуваат да се обратат до Советот за безбедност на ОН доколку Иран се обиде наново да ја активира својата нуклеарна програма.Ова трите земји,Германија,Велика Британија и Франција им го соопштиле на дтугите членки на Унијата во писмо што вчера беше објавено во Брисел.Двете страни,САД и ЕУ сакаат од Иран да побараат и докази дека се воздржува од развојот на нуклеарно оружје.