1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД и ЕУ: „Не плашете се слободно да гласате“

Граѓаните да не се плашат од никакви заплашувања и да излезат на праведни и фер избори - порачаа амбасадоротите на САД, ЕУ и Велика Британија во Македонија, Филип Рикер, Петер Соренсен, и Кристофер Ивон.

default

Тројцата амбасадори изјавите ги дадоа на прес-конференцијата на граѓанската асоцијација МОСТ.

„Многу е битно каков белег ќе оставиме како граѓани утре на денот на
гласање. Изборите да бидат слободни и фер. Белегот што ќе го оставиме е
битен за иднината на Македонија. Ние како амбасада и ОБСЕ ќе ги набљудуваме
изборите и се надеваме дека на крајот ќе имаме позитивни извештаи од тоа
каков белег имаме оставено на изборите“, рече американскиот амбасадор Филип
Рикер.

Евроамабсадорот Соренсен, пак, нагласи дека политиката на Европската унија е да соработува со било која влада која ќе дојде по утрешните предвремени парламентарни избори.

„Сите ние како општество се надеваме дека ќе оставиме демократски белег за
слободни и фер избори. Знаеме дека можете да го достигнете тоа како општество“, истакна Соренсен.

Ивон: Гласањето е индивидуално и тајно

Британскиот амбасадор Кристофер Ивон го истакна правилото „Еден човек, еден
глас:“

„Се надевам дека гласачите ќе имаат доверба во тоа дека нивниот глас е личен
индивидуален и таен. Ќе веруваат дека начинот на кој што тие го даваат
гласот е сосема слободен, без притисоци и таен“ - истакна амбасадорот Ивон.

МОСТ утрешните предвремени парламентарни избори ќе ги следи со 3.700 набљудувачи, број со кој ќе се покријат околу 70 отсто од гласачките места во Македонија. Граѓанската асоцијација го набљудува и денешното гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени и лица во затвор или притвор, како и гласањето на дијаспората во 19 дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Тие упатија уште еден апел за одржување фер, демократски и мирен изборен процес.

Автор: ТТ/ЕМФ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM