1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и ЕУ задоволни ама и претпазливи

Веста од Пекинг за успехот на шестпартитните преговори со Северна Кореја беше позитивно дочекана и во Европа и САД.

Успешен крај на преговорите во Пекинг

Успешен крај на преговорите во Пекинг

Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Тони Блер го поздравија договорот но се претпазливи оптимисти. По синоќешната средба во Берлин, британскиот премиер Блер изјави:

„Договорот со Северна Кореа покажува дека е можно да се дојде до договор, но тој е возможен само ако заземеат силни преговарачки позиции базирани врз принципи. Се што сакавме со Северна Кореа, а и со Иран е, не да му го скратиме на народот пристапот до енергија која им е потребна, туку земјите да си ги исполнат обврските кон меѓународната заедница и да не развиваат нуклеарни капацитети кои се закана за стабилноста во светот.“

Се надоврза и канцеларката Меркел:

„Мора прво да видиме колку овој напредок е и долготраен напредок. Но, како што рече и премиерот, ова е секако пример за тоа колку заеднички преговори и заеднички формулации врз одредени принципи може да бидат успешни“.

За САД постигнатиот договор со Северна Кореа треба да биде пример за останатите. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс оцени:

„Зошто на него да не се гледа како на порака до Иран: меѓународната заедница е способна да ги собере силите, особено ако на тоа работат засегнати држави. Ова и силната дипломатија како и усогласеноста на петте страни во шестпартитните преговори даде резултат“.