1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД и ЕУ да понудат компромис за Москва околу Косово

Меѓународната кризна група во новиот извештај за Косово забележува дека САД и ЕУ треба да понудат компоромис кон Русија за да може да се усвои резолуција во советот за безбедност. Доколку во планот на Марти Ахтисари би се вметнале елементи, како одбегнување на зборот независност и двегодишен мораториум на членство на Косово во ОН, Русија би можела да го омекне ставот, се вели во извештајот на Меѓународната кризна група. Со таква резолуција би се применил планот на специјалниот преставник на ОН, без експлицитно да се поддржи независноста на Косово.