1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и Европа ги менуваат правилата, а Иран одолговлекува

Нема интерес да се најде решение за атомскиот спор, САД и Европа ги менуваат правилата, а Иран игра тактика на одолговлекување, коментира Петер Филип.

Иранска атомска фабрика

Иранска атомска фабрика

Кој не се придржува до правилата, треба да се пази или ќе лета надвор од играта, исто како и во политиката. Ваков впечаток, САД уште од пред некое време сакаат да му го наметнат на Иран во атомскиот спор. И за нив – а во меѓувреме и за многу Европејци – е јасно дека владата во Техеран игра со маркирани карти и поради тоа никој нема доверба во неа, напротив ставот е дека треба да биде казнета. Иако не се познати детали од иранскиот одговор доставен на 22 август, Техеран ќе ја добие картата со “Црн Петко”, бидејќи не се однесува онака како што се очекуваше од нив.

Затоа мораа САД и Европејците мораа да признаат дека ги проширија правилата на игра за да го стават Иран под притисок. Ова го нагласи и американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон, кој рече дека Техеран го прекршил договорот за неширење на атомско оружје поради што мора да биде казнет.

Ова е земено без приговор, иако токму тука лежи клучниот момент во атомскиот спор: со години Иран се придржува кон договорот за неширење на атомското оружје кој го има потпишано. Во Вашингтон, Ерусалим, а во меѓувреме и во Брисел не му веруваат на Техеран: зошто една земја пребогата со нафта би се интересирала за атомска енергија? Во позадина мора да има нешто скриено, на пример изработка на атомско оружје. Една теза која лесно влегува во уши, бидејќи човек со години може да види, дека Техеран сака да добие во време, наместо да придонесе кон пронаоѓање решение. И последниот ирански одговор е очигледно уште еден обид во истата насока.

Но, одговорот и иранската тактика на одолговлекување не се никаков доказ за иранските намери за атомско оружје. Досега не чувме доказ за вакво нешто. Затоа ќе беше подобро ако СБ се усогласеше за помирен пристап и да не му се поставува на Техеран никаков ултиматум и да не му се заканува со санкции. Со ова само се зајакнуваат хардлајнерите во Техеран, и се отежнува меѓусебното разбирање и се доведува во прашање договорот за неширење на атомското оружје: Зошто треба да вреди еден ваков договор, кога внатре запишаните правила секој може да си ги интерпретира како сака, по сопствена желба?

Тоа што нема напредок во атомскиот спор не може да и се припишува само на едната страна. СБ и Германија очигледно дозволија да ги повлечат САД при тоа заборавајќи на елементарните правила на политиката и дипломатијата. Иран за тоа време ја одолговлекува работата, не дава јасни одговори и не се обидува да ја разбие недовербата од кај меѓународната заедница.

И на крајот: ако Техеран навистина е подготвен за сегашните преговори, тоа е за поздравување. Но, ваков одговор Техеран можеше да даде и пред три месеци. Во меѓувреме е загубено скапоцено време во кое само нарасна недовербата.