1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Истекува атомски отпад

Од шест подземни резрвоари во нуклеарниот комплекс Хенфорд, САД, протекува атомски отпад, соопшти надлежниот гувернер Џеј Ајнсли. Останува отворено - дали и колку се сигурни останатите резрвоари?

Во „Хенфорд нуклеар резервејшн“, во американската сојузна држава Вашингтон, се складира атомски отпад со децении. Речиси сите резервоари (вкупно 177) се со еден ѕид и се наменети за складирање атомски отпад за период од 20 години. Резервоарите во Хенфорд се користат неколку пати подолго. Надлежниот гувернер Џеј Ајнсли изјави дека постои „вознемиреност“, но дека нема непосредна опасност по здравјето на луѓето. Минатата недела беше обелоденето дека само еден резервоар протекува, а во меѓувреме бројот се зголеми на шест.

Американската влада го создаде нукеларниот комплекс во 1940-тите. Хенфорд беше дел од воената атомска програма на САД, која почна во Втората светска

Hanford USA Atomlager Arbeiter

Санацијата е многу поскапа и трае многу подолго од првичните планови

војна. Во нуклеарната фабрика беше произведен плутониумот за првите две атомски бомби кои беа фрлени врз Јапонија. Производството на плутониум во постројката се одвиваше и за време на Студената војна.

Денес комплексот Хенфорд е најконтаминираниот во САД. За подобра заштита на земјиштето и живиот свет, од 2003 година атомскиот отпад се префрла од резервоари со еден во резервоари со двоен ѕид. Санацијата ќе трае веројатно со децении. Притоа, централно е претворањето на течниот атомски отпад во маса со изглед на стакло, чие складирање е побезбедно.