1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД испраќаат „пловечка база“ на Блискиот исток?

Американската морнарица предвидува да постави голема „лебдечка“ командна база за прифаќање на специјалните единици на Блискиот исток поради растечките тензии со Иран и судирите во Јемен, пишува весникот „Вашингтон пост“

default

Американскиот носач на авиони „Ентерпрајз“

Весникот цитирајќи ги документите чие потекло не се наведува, тврди дека
американската воена морнарица во моментов работи на пренамена на еден воен
брод, за да го претвори во пловечка командна база за специјалните единици, и
тоа на барање на американската стратешка команда.

US-Spezialeinheit Navy Seals

Специјалните единици на морнарицата на САД, СЕАЛС

Неофицијално наречена „брод мајка“, базата ќе може да прими мали брзи
пловила и хеликоптери, коишто најчесто ги користат специјалните сили на
американската морнарица , се додава натаму во написот на „Вашингтон пост“.

Специјалните сили се клучен дел од стратегијата на претседателот Барак Обама за да ја направи армијата поагилна и поефикасна со оглед дека Пентагон се соочува со кратење на буџетските трошоци во вредност од 487 милијарди доласи во наредната деценија.
Портпаролот на морнарицата на САД, Мајк Кафка, одбил да ја коментира оваа
информација.
Според други неименуван извор на весникот од морнарицата, базата ќе биде
испратена во регионот на Блискиот исток, на почетокот од ова лето.

Автор: СН/АТ/макфакс/ афп

Редактор: Александра Трајковска