1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Иран – први разговори

Како САД така и Иран позитивно ги оценија првите директни разговори по цели 30 години без дипломатски контакти меѓу двете земји. Американскиот амбасадор во Багдад Рајан Крокер по четиричасовните разговори порача дека обете земји имаат слични визии за судбината на Ирак. САД и Иран посакуваат стабилен и демократски Ирак. Неговиот ирански колега Хасам Касеми ја оцени средбата како прв чекор што отвора простор за натамошни преговори. Првите беа посветени исклучиво на судбината на Ирак.