1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД-Ирак

*

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс смета за можно бројот американски војници стационирани во Ирак до крајот на идната година да се намали и да стигне на 100 илјади.Постои надеж за толкаво намалување на присутноста,изјави тој на прес конференција во Пентагон.Секоја одлука за повлекување на трупите сепак ќе зависи од ситуацијата на теренот,се огради тој.Американскиот претседател Џорџ Буш претходно најави до средината на 2008 година да бидат повлечени повеќе од 20 илјади војници од Ирак.Мисијата во секој случај нема да заврши до карјот на неговиот мандат,потенцираше Буш.Во моментов во Ирак има околу 168 илјади американски војници.